352
МВР информира дека дошло до грабеж на манастир во Катланово.
Според полицијата, во текот на вчерашниот ден во 11:30 часот во Полициското одделение Петровец било пријавено дека со употреба на сила било влезено во манастирот „Св.Илија“ во с.Катланово, скопско и биле одземени икони.
Увид извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.