Крцкаво пилешко

од Stefanija Kuzmanovska
324 прегледи

Пилешко бело месо во корнфлекс.

Состојки:

– пилешко бело месо (количина по желба)

Поховање:

– 1 јајце

– 30 мл маслиново масло

– 20 гр јогурт

– 1/2 лажичка сол

– 1/2 лажичка бибер

– 1/2 лажичка лук во прав

– корнфлекс (количина по желба)

Подготовка:

Најпрво направете ја смесата за поховање од горенаведените состојки и добро измешајте. Скршете го корнфлексто со рака или изгмечето го додека е во кеса.

Пилешките гради исечкајте ги по желба, па потопете ги во приготвената смеса за поховање, па валкајте ги во корнфлексот и наредете ги на плех.

Печете на 180 степени 20 до 25 минути.

По желба можете и да пржите.

Послужете топло со лут сос или по желба.

Слични содржини