Meta покрена нова иницијатива чија цел е да ги мотивира корисниците да креираат содржина и да споделуваат фотографии и клипови на Facebook.
Од компанијата објавија дека креаторите во програмата за монетизација на содржината на Facebook сега можат да заработат пари со тоа што луѓето ќе ги гледаат нивните приказни на Facebook.
Со оглед на лесниот начин за објавување содржина, Stories е прилично едноставен начин да заработите дополнителни пари од содржината што ја објавувате на Facebook.
Можноста за заработка преку Stories е достапна на глобално ниво, се заснова на перформансите на постовите, а Stories мора да бидат јавни за да се монетизираат. Креаторите кои сè уште не се во програмата за монетизација на содржини можат да аплицираат преку веб-страницата на Meta.
Новиот начин на плаќање е само последниот обид на Meta да ги натера креаторите да објавуваат содржини на Facebook наместо на Instagram или други апликации. Во јануари, компанијата воведе „бонус програма“, која дава дополнителни 5.000 долари на креаторите со постоечко присуство на друга платформа за социјални медиуми за објавување одредена количина фотографии и клипови на Instagram и Facebook.
Времето на програмата јасно покажува дека Meta сака да привлече креатори кои наскоро ќе го изгубат пристапот до TikTok. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп привремено ја „спаси“ социјалната мрежа за креаторите да не брзаат многу, но Meta сепак сака максимално да го искористи хаосот.