Силвио Хорта, креаторот на серијата “Грдата Бети’, бил пронајден мртов во вторникот во хотел во Мајами.
Американските медиуми, меѓу кои и порталот Variety, тврдат дека е во прашање самоубиство, бидејќи познатиот режисер починал од рани со огнено оружје кои си ги нанел сам. Претставниците за медиумите на Хорта ја потврдиле веста за неговата смрт, но одбиле да коментираат на кој начин починал.
Американската верзија на „Грдата Бети“ чија главна улога ја глумеше Америка Ферера, се емитуваше четири години (2006-2010) на ABC телевизијата. Оваа серија претставуваше адаптација на популарната колумбиска серија „Јас сум грдата Бети“.
Америка Ферера на својот Инстаграм истакнала дека и се скршило срцето по објавената вест за смрта на Силвиа Хорте, како и дека неговиота талент и креативност донеле многу среќа и радост во животот.
Хорта пред својата смрт работел на нов проект за Фокс. Новата серија „Move“ била инспирирана од животот на кративниот директор Лореан Гибсон, кој ги креирал танцовите рутини за Бијонсе, Мајкл Џексон, Леди Гага и многу други уметници.