Креаторот за „Ваксајн.мк“: Чудно е што се реагира брзо за сатира, отколку за посериозни случаи

435 прегледи

Откако беше приведен, на својот фејсбук профил, се огласи креаторот на сатиричната веб страница „Ваксајн.мк“.

Тој посочи дека не очекувал дека ќе биде повикан во полициска станица.

„Во ПС само разговаравме како/зошто и толку беше, околу пола саат ме задржаа, иако ми изгледа многу опасно кога вакви сатирични случаи се спроведуваат од органите на власта многу побрзо од оние што се навистина сериозни. И ова не е перцепција“, истакна Адил Бакиу на својот фејсбук профил.

Слични содржини