Кредитите од ЕИБ го зголемија производството на 1.400 компании

од desk3
95 прегледи

Околу 1.400 компании во делот на производство, градежништво, услуги и трговија ги искористија евтините средства кои Владата ги обезбеди од ЕИБ. Досега се обезбедени вкупно 350 милиони евра, при што повлечени се 282 милиони евра.

Со овие средства се овозможи вработување на вкупно 5.868 лица.

Од Македонската банка за поддршка и развој информираат дека до средината на овој месец ќе се повлечат дополнителни 11 милиони евра за поддршка на 36 компании, при што ќе се остварат нови 159 вработувања.

Од четвртата кредитна линија на ЕИБ остануваат уште 56 милиони евра за кои можат да аплицираат компаниите.