Кремљ денеска ги демантираше пишувањата на британските медиуми дека руски агенти го хакирале мобилниот телефон на поранешната британска премиерка Лиз Трас.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, запрашан за тврдењето, рече дека во британските медиуми има малку што може да се сфати сериозно.
„Дејли мејл“ во саботата објави дека наводно руски агенти добиле пристап до мобилниот телефон на Лиз Трас додека таа ја извршуваше функцијата министер за надворешни работи.