Испораките на оклопни возила и друго оружје за Украина што ги најавија неколку западни земји минатата недела само ќе го „продолжат страдањето“ на Украинците и нема да го „променат“ односот на силите, соопшти денеска Кремљ.
„Европа, НАТО и САД веќе инјектираа десетици милијарди долари во Украина и испорака на оружје“, рече портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.
Овие испораки во основа не можат и нема да променат ништо, додаде Песков.
Минатата недела САД најавија нова воена помош за Украина во вредност од над три милијарди долари.
Берлин соопшти дека сака да испрати 40 оклопни возила на украинската армија во првиот квартал од 2023 година, како и системот за воздушна одбрана „Патриот“.
Франција објави дека испраќа неодреден број лесни борбени тенкови AMX-10 RC.