Кремљ денеска соопшти дека ниту еден руски функционер не размислува за употреба на нуклеарно оружје.
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Брнс, оваа недела го предупреди шефот на руската разузнавачка служба СВР, Сергеј Наришкин, за последиците од употребата на нуклеарно оружје.
Русија повеќе пати се закануваше со нуклеарен напад
Американскиот претседател Џо Бајден е против употребата на нуклеарно оружје, како и кинескиот претседател Си Џинпинг, кој зборуваше за тоа во понеделникот за време на состанокот на индонезискиот остров Бали.
„Претседателот Бајден и претседателот Си го повторија договорот дека нуклеарната војна никогаш не смее да се води и не може да има победник, и го истакнаа своето противење на употребата или заканата од употреба на нуклеарно оружје во Украина“, објави Белата куќа по состанокот.
Русија досега неколку пати се закануваше дека ќе употреби нуклеарно оружје. На почетокот на војната, Путин рече дека ќе ги искористи сите расположливи средства за да го заштити својот народ и дека тоа „не е блеф“.