Крем чорба со пилешко бело месо

од Stefanija Kuzmanovska
193 прегледи

Пилешка крем чорба е секогаш добар избор за ручек.

Состојки:

– 600 гр пилешко бело месо

– 2 парчиња моркови

– 1/3 пашканат

– 100 гр целер

– 3 компири

– 1 ловоров лист

– 2 лажички сол

– 1 лажичка мелен бибер

– 2 лажички сув билен зачин

– 2 жолчки

– 1,5-2 дл павлака

– сок од лимон по желба

– околу 1,5 литри вода

Подготовка:

Пилешкото бело месо измијте го под млаз ладна вода, ставете го во тенџере со околу 1,5 литри ладна вода, покријте го и ставете го да се вари.

Кога месото ќе зоврие додадете го исчистениот зеленчук и посолете. Додадете половина од количината на суви билни зачини, бибер и ловоров лист.

Кога месото ќе почне да се одвојува од коската, исклучете го шпоретот и процедете ја течноста.

Оставете го месото и зеленчукот малку да се изладат. Одделете го месото од коската и ситно исечкајте го, како и морковите, компирите и целерот. Отстранете го остатокот од зеленчукот.

Исцедената течност вратете ја во тенџерето и додајте ги сечканото месо и зеленчукот. Проверете го вкусот, додадете го остатокот од зачините и оставете да се вари уште неколку минути.

Во посебен сад изматете ги со вилушка само жолчките и павлаката.

Извадете ја тавата од шпоретот и истурете тенок млаз од разредената смеса од жолчки и павлака во врелата течност, а во исто време постојано мешајќи ја чорбата со вилушка, но само на површината на чорбата, никако во длабочина, за да не се формираат грутки.

Само кога ќе се истури целата маса, промешајте ја целата количина на чорбата.

При сервирање може да се додаде ситно сечкан лист магдонос, а по желба дополнително да се закисели со лимон или оцет.

Слични содржини