215
Едноставно, брзо и вкусно.
Состојки:
– 200 гр свежо сирење (крем сирење)
– 70 гр јогурт
– 70 гр маскарпоне сирење
– 30 гр шеќер
– 1 ванилин шеќер
– 150 гр јагоди
– 100 гр мелени бисквити
Подготовка:
Со лажица измешајте ги крем сирењето, јогуртот, сирењето маскарпоне, шеќерот и ванилиниот шеќер. Поделете на два дела и на еден дел ставете 100 гр јагоди исечкани по желба.
Бисквитот поделете го на четири до пет чаши, па смесата со јогурт распоредете ја со јагодите.
Одозгора распоредете го другиот дел од јогуртот и украсете по желба со половина од јагодите и мелените бисквити.