Состојки:
500 гр замрзнати малини
1 ванилин шеќер
3 лажици шеќер
1 лимон (сок и рендана кора)
1/2 лажичка мелен цимет
2 шлаг креми од ванила
300 мл млеко
Подготовка:
Во сад ставете 400 гр малини, а останатите вратете ги во замрзнувач за подоцна.
Во малините додадете шеќер, ванилин шеќер, цимет, рендана кора и свежо исцеден сок од лимон и малку вода.
Загрејте на средна топлина, повремено мешајќи.
Кога ќе зоврие, намалете го огнот и варете додека овошјето не се распадне и малку замрзне. Тргнете од оган и оставете да се излади.
Во меѓувреме, во 300 мл млеко додадете го шлагот од ванила, измешајте и продолжете да мешате со електричен миксер на најмала брзина, па матете на најголема брзина 2-3 минути.
Подгответе ги калапите за сладолед. Наполнете малку повеќе од половина од калапот со приготвениот шлаг, а потоа притиснете неколку од претходно зачуваните малини во кремот.
После тоа, наполнете го калапот до врвот со варени малини и ставете стапче.
Подготвените сладоледи внимателно ставете ги во замрзнувач, оставете ги неколку часа додека целосно не се замрзнат.