Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков иронично ги коментираше вестите на некои западни медиуми кои тврдат дека „руската инвазија“ на Украина ќе се случи утре пред зори и ги советува Украинците да навијат аларм за да станат на време.
„Најдобро е тоа време да го постават на алармот од часовниците и сами да се уверат“, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали Украинците треба да бидат загрижени или можат мирно да спијат вечерва.
Британските таблоиди го одредиле времето на „инвазијата на Украина“ и дека тоа наводно ќе се случи вечерва во три часот по локално време.
Поточно, за тоа пишува „Мирор“, повикувајќи се на американските разузнавачки служби, кои наводно им кажале на дописниците на весникот во Киев. Таблоидот „Сан“ тврди дека Русија наводно се подготвува да изврши „принуден ракетен напад“ со 200.000 војници и дека „најверојатното време“ да се изврши „инвазија“, исто така според извори во американската разузнавачка служба, е еден часот наутро.