Кремљ: Движењето на руската војска не претставува закана

Официјалниот Кремљ денес објави дека движењето на руската армија во близина на заедничката граница со Украина не претставува никаква закана за Украина или за кој било друг.
“Русија не претставува закана за ниту една земја во светот, вклучително и дека не претставува закана за Украина. Русија секогаш ја сфаќаше својата безбедност многу сериозно”, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, цитиран од руската агенција Тасс.

Минатата недела, НАТО изрази загриженост за, како што се вели, голема акумулација на руски трупи близу источна Украина и откако Русија предупреди дека сериозна ескалација на конфликтот во украинскиот регион Донбас може да ја „уништи“ Украина.

Слични содржини