213
Рускиот претседател Владимир Путин во моментов не планира да ѝ се обрати на нацијата за преформулирање на „целите на специјалната воена операција“ во Украина, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
Некои медиуми и канали на Телеграм претходно објавија дека рускиот претседател би можел да има такво обраќање денеска.
Одговарајќи на прашањето дали денеска ќе има обраќање на рускиот претседател, Песков повтори: „Не, нема да има обраќање, тоа се лажни вести“.