Руската влада наскоро ќе објави кои категории граѓани ќе бидат изземени од мобилизацијата на резервисти со воено искуство, соопшти денеска Кремљ.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, не сакаше да ја коментира можноста за затворање на границите за да ги спречи граѓаните да го избегнат повикот за мобилизација, пренесува „Ројтерс“.
Претходно денеска рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за делумна мобилизација, прва во Русија по Втората светска војна.