Кремљ неизмерно ја поддржува Валиева: Ти си Русинка, оди гордо и победувај

од Milan1

Кремљ неизмерно ја поддржува руската лизгачка Камила Валиева, која е осомничена за допинг на Зимските олимписки игри во Пекинг, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Не сакаме да ја коментираме ситуацијата, чекаме да заврши постапката. Ја поддржуваме нашата Камила Валиева и ги повикуваме сите да ја поддржат, и велиме на Камила, не го крие лицето, ти си Русинка, шетај секаде гордо и што е најважно натпреварувај се и победувај“, рече портпаролот на Кремљ.

Руските власти сметаат дека дошло до недоразбирање и предлагаат да се чекаат резултатите од постапката.

Нашите спортски функционери имаат одредени прашања кога е во прашање времето за тестирање на примероците“, додаде Песков.

Руската атлетичарка денеска два пати беше на тренинг. Таа ја напушти арената криејќи го лицето со качулка. Таа одби да комуницира со медиумите.

15-годишната Русинка го освои златото на екипното натпреварување во Пекинг со руската репрезентација, откако во историјата на Игрите влезе како прва натпреварувачка која успеала да изведе целосен четирискок. Валиева доби позитивен тест за триметазидин и беше суспендирана откако Руската антидопинг агенција (РУСАДА) дозна на 8 февруари, суспензијата беше укината само еден ден подоцна, соопшти Меѓународната агенција за тестирање (ИТА). Меѓутоа, Меѓународниот Олимписки  Комитетот (ИОК) нареди судење.

Слични содржини