147
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека руската специјална воена операција во Украина ќе продолжи се додека не се постигнат сите претходно утврдени цели, додавајќи дека нема разговори за демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје во Енергодар.
Песков истакна дека Путин деноноќно е во контакт со министерот за одбрана и другите воени лидери, дека е информиран за сите акции на руската армија, пренесува „Интерфакс“.
„Се разбира, сè што се случува, сите дејствија што ги презема армијата за време на специјална воена операција, се известуваат до врховниот командант“, наведе Песков.