Москва денеска објави дека ќе престане да продава нафта на оние земји кои воведуваат ограничувања на цените на руските енергетски производи.
„Земјите кои воведуваат ценовни ограничувања нема да бидат меѓу оние што добиваат руска нафта“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, поддржувајќи ги вчерашните изјави на рускиот вицепремиер Александар Новак, пренесe Ројтерс.
Во четвртокот, Новак изјави дека руските нафтени компании се подготвени Европската унија да воведе ембарго за увоз на руска нафта во декември оваа година и додаде дека Москва планира да го задржи сегашното ниво на производство.
Кремљ, исто така, рече дека таквите ограничувања ќе доведат до значителна дестабилизација на светскиот пазар на нафта.
Се очекува дека министрите за финансии на Групата седум најразвиени економии (Г7) денеска ќе ги зајакнат плановите за ограничување на максималната куповна цена на руската нафта во глобалната трговија, со цел да се намалат приходите на Москва, која води војна во Украина, но и за ублажување на притисокот на енергетскиот пазар, објавија претставници на Г7 за Ројтерс.