Кремљ открива кога ќе се вакцинира Путин

од Stefanija Kuzmanovska

Рускиот претседател Владимир Путин во блиска иднина ќе ја објави одлуката кога ќе биде вакциниран против коронавирус, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Треба да очекуваме претседателот да ја објави одлуката во блиска иднина“, рече Песков во интервју за телевизијата „Русија 1“. „Тој рече дека ќе ја прими вакцината и дека ја донел таа одлука и дека чека да бидат решени сите формални прашања“, додаде Песков.

Руското Министерство за здравство претходно одобри употреба на вакцина против коронавирус „Спутник V“ за лица постари од 60 години.

Слични содржини