Рускиот претседател Владимир Путин вечерва телефонски разговараше со францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, порачувајќи им дека „во блиска иднина“ има намера да потпише указ за признавање на Народните републики Доњецк и Луганск, соопшти прес-службата на Кремљ. Наскоро се очекува телевизиско обраќање на рускиот претседател.
Претходно, на вонредната седница на Советот за безбедност, Путин најави дека одлуката за признавање на независноста на ДНР и ЛНР ќе биде донесена до крајот на денот.
Претходно, министрите за надворешни работи и за одбрана на Русија, Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу гласаа за признавање на двете самопрогласени републики, а истото мислење го дадоа и другите членки на Советот за безбедност на Русија.
-Рускиот претседател денеска им соопштил на претседателот на Франција, Емануел Макрон и на германскиот канцелар Олаф Шолц, дека има предвид дека наскоро ќе го потпише указот за Донбас, соопшти Кремљ.