Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска ја отфрли изјавата на висок американски функционер дека Русија ја користи нафтата и гасот како политичко оружје, оценувајќи дека САД се тие што придонесуваат за нарушување на европскиот енергетски пазар со закани за санкции.
Џејк Саливен, советник за национална безбедност на американскиот претседател Џо Бајден, во четвртокот рече дека „Русија има историја на употреба на енергенски како средство за принуда, како политичко оружје“, пренесе Ројтерс.
Реагирајќи на изјавата на Саливан, Песков истакна дека Москва длабоко не се согласува со ваквите коментари.
„Убедени сме дека оваа проценка не е точна“, рече тој на дневниот брифинг со новинарите.
Тој додаде дека САД, кои се закануваат со воведување санкции, придонесуваат за нерамнотежа на европскиот енергетски пазар.