Кремљ: Воведувањето нови санкции кон Русија не зависи од Бајден

од Stefanija Kuzmanovska
124 прегледи

Извесен број најавени нови американски санкции против Русија се кодифицирани, а нивната примена не зависи од ставот на претседателот Џозеф Бајден, изјави за новинарите портпаролот на претседателот на Русија, Дмитриј Песков.

Според Песков, Американците рекоа дека сакаат предвидливи и стабилни односи со Русија.

„И ние тоа го кажавме многу пати. Нам навистина ни треба предвидливост“, додаде тој.

Портпаролот рече дека Русија ќе ја анализира ситуацијата, ќе види какви би биле американските санкции и ќе разгледа разни опции.

„Засега има навистина голема непредвидливост. Само санкциите се предвидливи, кои се проверени“, рече Песков, додавајќи дека претседателот Џозеф Бајден нема никаква врска со нивното спроведување.

Портпаролот на Белата куќа, Џен Псаки, претходно изјави дека состанокот во Женева меѓу претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин, не довел до „никакви промени“ во политиката на антируски санкции во Вашингтон. Според неа, законот предвидува дека САД ќе продолжат да ги разгледуваат санкциите поврзани со употребата на хемиско оружје.

Слични содржини