Кремљ за изјавата на Бајден: Неприфатлива и непростлива реторика

од Nikola Popovski
254 прегледи

Претседателот на Соединетите Американски Држави Џозеф Бајден денеска го нарече претседателот на Русија Владимир Путин „воен злосторник“.

Ова е прв пат Бајден да го окарактеризира Путин на тој начин, бидејќи досега американската администрација избегнуваше да го користи тој термин и реторика.

„Мислам дека тој е воен злосторник“, изјави Бајден пред новинарите по настаните во Белата куќа.

Претходно истиот ден, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека САД интензивно работат на утврдување дали руските сили намерно гаѓаат цивили.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков изјави дека изјавите на американските функционери во кои го нарекуваат Путин воен злосторник се „неприфатливи“ и „непростлива реторика“, пренесува Ројтерс, повикувајќи се на руската државна новинска агенција ТАСС.

Бајден денеска најави и дека САД ќе испратат дополнителна воена помош во вредност од 800 милиони долари за Украина, со што вкупната сума што Америка ја испратила во Украина од почетокот на руската агресија ќе достигне една милијарда долари.

Слични содржини