Со помош на сателитски снимки Русија сакаше да ја докаже вината на Украина за соборувањето на малезиската патнички авион. Но како што утврдија сега истражувачки новинари, сателитските слики биле фалсификувани.

Малезиски патнички авион беше соборен над Источна Украина на 17 јули 2014 година. Оттогаш наваму Русија тврди дека авионот со 298 патници била нападнат од украинската армија. Неколку дена по несреќата руското Министерство за одбрана претстави на специјална прес-конференција сателитски снимки, кои – според руската страна,ја докажувале вината на Украина. Но како што испостави сега истрага на група независни новинари, предметните сателитски слики биле наместени.
Двете верзии
“Анализата покажува јасно и недвосмислено дека сателитските снимки не само што се со лажен датум, но и се обработуваат дигитално”, читаме во извештајот на новинарите од британскиот портал за истражувачко новинарство Bellingcat. Екипата истражувала две од сателитските снимки, со помош на кои руското Министерство за одбрана се обидува да докаже дека на денот на несреќата украинската противвоздушна одбрана била активна во зоната на несреќата. Според руската верзија на едната од фотографиите се гледа дека на денот на несреќата барем една од противавионските лансери “Бука” на украинската армија била надвор воената база северно од Донецк. Втората слика пак докажа дека јужно од село Зарошинское биле стационирани две ракетни лансери на украинската армија. “Овие ситеми се во можност да поразуваат цели на растојание до 35 километри и на висина до 22 километри, а тоа значи дека малезискиот патнички авион бил во нивниот дострел за стрелба”, беше речено на прес-конференцијата.

Истрагата на тимот од Bellingcat докажува дека сепак фотографиите се правени пред денот на несреќата. Новинарите ги споредиле сателитските снимки прикажани од руското воено министерство, со слики од Google Earth, правени на денот на несреќата. Анализата им докажал недвосмислено дека презентираните од Москва слики се направени порано – во првата половина на јуни 2014 година. Освен тоа фотографиите биле обработени дигитално. Лансерите “Бука” беа избришани од една слика и биле “поставени” со фотошоп на друга.
Кој?
Малезискиот патнички авион, кој летал од Амстердам до Куала Лумпур, беше соборен на 17 јули 2014 година над контролиран од проруски сепаратисти регион во источна Украина. Сите 298 патници загинаа, 193 од жртвите беа холандски државјани. Несомнено е дека авионот бил соборен, но се уште не е разјаснето кој ја предизвикал несреќата. Украинската влада и неколку западни држави ја обвинуваат Русија дека носи вина за соборувањето на авионот, бидејќи обезбедува ракетни лансери на сепаратистите. Русија од своја страна ги отфрли овие обвинувања и ја припишува вината на украинската армија. Завршниот извештај за несреќата со малезиски авион се очекува во текот на летото.