Во понеделникот еден германски весник напиша дека зголемениот број на бегалци од Русија најверојатно е оркестриран од Кремљ. Точно ли е тоа и колку точно се руските бегалци во Германија?- анализира DW.
Веста објавена на насловната страница на весникот “Ди Велт” во понеделникот, звучи застрашувачки. Во неа се вели дека зад силниот пораст на бројот на бегалците од Русија (и првенствено на оние од Чеченија), може да се крие демонстрација на сила од страна на Кремљ. Меѓу барателите на азил од кавказката република имало многу салафити, пишува весникот и цитира анонимни германски експерти за безбедност, кои тврдат дека Москва внимателно следи како бегалската криза ги нервира германските граѓани. И затоа претседателот Путин сега ја отвора “чеченската врата”.
Само шпекулации?
Федералната влада ја оцени публикацијата како “новинарски шпекулации во кои ние не учествуваме”. Портпаролот на Министерството за надворешни работи Тобиас Плате сепак ги потврди бројките објавени во весникот: над 80 проценти од избеганите од Русија за периодот од јануари до мај 2016 се Чеченци, а моментално Русија е рангирана на петтото место по бројот на бегалците во Германија со вкупно 2.770 лица. Пред неа се Сирија, Авганистан, Иран и Ирак. Според Федералната служба за миграција и бегалци пак само во април 2016 во Германија пристигнале 850 бегалци од Русија.
Хитлер бил спасен од ФБИ: Историчар откри непознат заговор против фирерот
Квотата за Чеченија во постапката за азил во Германија е многу ниска. Само шест проценти од Чеченците кои поднеле барање, добиваат позитивен одговор. Државниот секретар во домашното минисетрство Оле Шредер сака статус квото да се задржи. Според европските правила, барателите на азил треба да поднесат барање во земјата во која тие за првпат се присутни на европска територија. А во случајот со луѓето од Русија тоа е Полска.
Бројот на пристигнатиод Русија бегалци одамна покажува сериозни дилеми – тој ту се покачува, ту опаѓа. Едно е сигурно: многу од бегалците се од Северен Кавказ, од Чеченија, а и од Дагестан. Голем дел од нив се болни од рак, СИДА или хепатит.
Животот во Чеченија и Дагестан
Во Чеченија Владата на Рамзан Кадиров, поддржана од Москва, се однесува брутално кон опозицијата, а економската ситуација во земјата е инхибирачка. “Режимот станува брутален. А минатата година ситуацијата се влоши уште повеќе”, вели Екатерина Сокирјанскаја од невладината организација “International Crisis Group” во интервју за весникот “Ди Велт”. Истовремено чеченските шверцерски банди им ветуваат на луѓето убав живот во Германија. Тие ги уверуваат потенцијалните бегалци дека Федералната република веднаш ќе им обезбеди куќа и мала парцела. Веројатно и тоа влијае на промената на бројот на чеченските бегалци.
Уште поопасна е сепак ситуацијата во соседен Дагестан, каде салафитите го тероризираат населението. Ситуацијата во двете кавкаски републики е доволно застрашувачка. Па тешко дека зголемениот број на бегалци од овие земји се должи на посебна кампања од страна на Москва.
