Кремљ испрати важна порака: „Москва не е подготвена да му верува на Вашингтон“

од Stefanija Kuzmanovska
321 прегледи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва не е подготвена да му верува на Вашингтон на збор кога станува збор за ветувањата за извоз на храна во случај да се врати на договорот за храна.

Да потсетиме, американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД се подготвени да ја гарантираат безбедноста на извозот на храна на Русија, кога Москва ќе се врати на договорот за жито.

Блинкен истакна дека САД презеле чекори за решавање на прашањата за транспортот и осигурувањето за време на договорот за жито.

„Меѓу другото, им пишавме на банките да ги одобрат трансакциите“, рече тој.

На прашањето дали Русија е подготвена да им верува на американските претставници, Песков одговори:

„На збор – не“.

Договорот за храна истече на 18 јули, а Русија ги извести Турција, Украина и Обединетите нации дека е против неговото продолжување. Рускиот претседател Владимир Путин претходно изјави дека условите од договорот што се однесуваат на Русија не се исполнети, без оглед на напорите на ОН, бидејќи западните земји не планирале да ги исполнат своите ветувања.

По прекинот на работата на иницијативата за жито во Црното Море и суспензијата на поморскиот хуманитарен коридор, сите бродови што пловат во Црното Море кон украинските пристаништа се третираат како потенцијални превозници на воен товар од 20 јули на полноќ, соопшти Министерството за одбрана на Русија.

Слични содржини