Кремљ ја спореди ситуацијата во Грузија со Украина: „Директна паралела“

од Vladimir Zorba
21 прегледи

Во настаните што се случуваат во Грузија очигледни се сите знаци на обид за спроведување на „портокаловата револуција“ и може да се направи директна паралела со настаните на украинскиот Мајдан, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги протестите во Грузија.

„Веројатно најдиректната паралела што можеме да ја повлечеме се настаните на Мајдан во Украина. Ги гледаме сите знаци на обид за спроведување на Портокаловата револуција“, рече Песков, пренесe РТ Балкан.

Како што додаде, има обид за дестабилизација на ситуацијата во Грузија, а властите на таа земја преземаат мерки за нејзино смирување.

Дополнително, Песков посочи дека се што се случува во Грузија е внатрешно прашање на таа земја и дека Русија не планира да се меша во тие процеси.

Демонстрантите во главниот град на Грузија, Тбилиси, се собираат од четвртокот за да протестираат против одлуката на владата да го прекине процесот на пристапување во ЕУ.

Имено, премиерот Иракли Кобахиџе ја објави одлуката за прекин на разгледувањето на почетокот на преговорите за членство на земјата во Европската унија до 2028 година.

Еден ден претходно, шефицата на европската дипломатија Каја Калас и еврокомесарката за проширување Марта Кос во заедничка изјава ветија дека активностите на грузиските власти насочени кон запирање на немирите ќе имаат негативни последици за односите со Европската унија. .

Слични содржини