24
Кремљ се закани дека ќе одговори на „конфронтирачката реторика“ од Брисел.
„Европската унија сега активно разговара за нејзината милитаризација, особено за развојот на одбранбениот сектор. Ние внимателно го следиме овој процес бидејќи ЕУ ја претставува Русија како главен непријател. Оваа милитаризација е главно насочена против Руската Федерација. Тие се во целосна спротивност со напорите за изнаоѓање мирно решение во Украина“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков на дневната прес-конференција.
Песков, исто така, рече дека Русија е „во контакт“ со САД за подготовките за преговорите за Украина, но дека „нема нови детали“ и дека Москва сè уште не назначила главен преговарач за разговори со САД.