18
Русија ќе ја продолжи практиката на воздушни напади врз украинските воени објекти во случај Киев да продолжи да користи оружје со долг дострел насочени кон цели на територијата на Руската Федерација, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Како што рече, рускиот претседател Владимир Путин неодамна предупреди дека одлуката на западните лидери да и дозволат на Украина да користи ракети за да гаѓа цели длабоко во Русија е неодговорна, дека претставува ескалација и дека бара одговор од Москва, пренесe Интерфакс.
Зборувајќи за можното распоредување на мировници во Украина, Песков рече дека тоа ќе биде можно само со согласност на сите страни, но дека нема да ги реши првичните причини за конфликтот.