Кремљ: Контакт меѓу Путин и Зеленски е можен само во Москва

„Зеленски предлага контакт, Путин рече дека е можен во Москва. Оваа позиција останува“, кажа тој

од Vladimir Zorba
10 прегледи Фото: Принтскрин/ Global News

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека контактот меѓу претседателот Володимир Зеленски и неговиот руски колега Владимир Путин е можен само во Москва, објави руската новинска агенција Интерфакс.

На прес-конференција, Песков беше прашан дали Кремљ размислува за организирање средба меѓу Зеленски и Путин „на неутрална територија“.

„Зеленски предлага контакт, Путин рече дека е можен во Москва. Оваа позиција останува“, кажа тој.

Песков ја опиша позицијата на Москва како „прилично конзистентна“.

„Остануваме отворени за преговори. Работата се спроведува преку работни групи. Го поздравуваме ова и сме подготвени да ја продолжиме оваа работа во интерес на решение во Украина“, додаде портпаролот.

Зеленски претходно неколку пати повтори дека ниту Русија ниту Белорусија не се разгледуваат како можни локации за средбата.