Кремљ остро реагираше на изјавата на американски генерал дека може да го заземе Калининград

Генералот Кристофер Донахју, командант на американската војска за Европа и Африка, рече дека НАТО може да го заземе Калининград „од копно во неверојатен временски рок и побрзо отколку што досега сме биле во можност“.

од desk2
14 прегледи

Русија ги смета неодамнешните коментари на висок американски генерал за наводната способност на НАТО брзо да ја заземе руската енклава на Балтикот, Калининград, за непријателски, порача денеска Дмитриј Песков, портпаролот на претседателот на Русија.

Генералот Кристофер Донахју, командант на американската војска за Европа и Африка, рече дека НАТО може да го заземе Калининград „од копно во неверојатен временски рок и побрзо отколку што досега сме биле во можност“, извести Дифенс Њуз.

Слични содржини