216
Рускиот претседател Владимир Путин го посети штабот на армиската група „Дњепар“ во областа Херсон, на југот на Украина, соопшти денеска прес-службата на Кремљ, а пренесуваат руските агенции.
„Владимир Путин ги слушаше извештаите на командантот на Воено-десантните сили, генерал-полковник Михаил Теплински, командантот на воената група ‘Дњепар’, генерал-полковник Олег Макаревич и други воени команданти во штабот на армиската група ‘Дњепар’ во регионот Херсон“, пренесува „Интерфакс“.
„Не сакам да го оттргнам вашето внимание од директните должности поврзани со командата и контролата, така што ќе работиме на деловен начин, кратко, но конкретно“, рече Путин отворајќи ја средбата со командантите.