228
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси во четврток ќе пристигне во Москва каде ќе има билатерални разговори со рускиот претседател Владимир Путин, соопшти Кремљ.
„Можам да потврдам дека руско-иранските преговори ќе се одржат во Москва на 7 декември“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ги медиумските извештаи дека Раиси ќе отпатува за Москва на покана на руската страна, пренесува Тасс.
Тој одби да каже дали двете страни ќе разговараат и за нафтата и рече дека „агендата се уште се финализира“.
Веста за доаѓањето на Раиси во Москва во четврток, на билатерални разговори со Путин, ја објави иранската државна агенција Тасним.