Кремљ денеска соопшти дека поддржува се што може да доведе до прекин на конфликтот со Украина, осврнувајќи се на телефонскиот разговор меѓу кинескиот претседател Си Џинпинг и украинскиот претседател Владимир Зеленски.
Сепак, Кремљ соопшти дека целите на, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“ во Украина допрва треба да се постигнат.
Лидерите на Кина и Украина разговараа во средата за првпат откако Русија ги испрати своите воени сили во Украина во февруари минатата година. Киев со месеци јавно бараше такви разговори.
„Запознаени сме со деталите од разговорот“
Портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков, изјави дека Русија е запознаена со деталите од разговорите на двајцата претседатели и додаде дека нивните позиции за конфликтот се добро познати.
„Подготвени сме да прифатиме се што би можело да го приближи крајот на конфликтот во Украина, но и постигнувањето на целите кои Русија си ги поставила“, го коментираше Песков нивниот телефонски разговор.