Кремљ: Русија е подготвена да се врати на Договорот за жито доколку тој целосно се спроведе

од Vladimir Zorba
239 прегледи

Русија е подготвена брзо да се врати на договорот за жито, но тој треба да се спроведе и во делот поврзан со Москва, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Претседателот Владимир Путин веќе повтори 100 пати. Русија е подготвена брзо да се врати на вистинскиот договор. Не само на разговорите, туку и на самиот договор. Таа е подготвена да го направи тоа веднаш. Договорот едноставно треба да се спроведе во делот што се однесува на Русија. Тоа досега не е направено“, изјави Песков, пренесува ТАСС.

Американската амбасадорка во Обединетите нации, Линда Томас Гринфилд, вчера посочи дека Русија е подготвена да се врати на преговорите за договорот што овозможи безбеден извоз на украинско жито преку Црното Море.

Слични содржини