218
Кремљ денеска повтори дека руската армија не гаѓа цивилни цели во Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, додавајќи дека Русија е насочена кон украинската воена инфраструктура.
Песков додаде дека цели на руската армија се воени трупи, како и украински воени претставници.
Во меѓувреме, бројот на жртвите од рускиот воздушен напад врз селото Хроза во североисточна Украина се искачи на 52, пренесе „Ројтерс“.