Кремљ тврди дека постои надеж за обновување на дијалогот со САД

од Nikola Popovski
10 прегледи

По победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД, постои скромна надеж за обновување на дијалогот со Вашингтон, бидејќи во моментов ја нема, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Има надеж, скромна надеж, дека дијалогот барем на ниско ниво ќе биде обновен, бидејќи во моментов тој едноставно не постои“, рекол Песков во интервју за американскиот весник „Њујорк тајмс“.

Меѓутоа, Русија нема да става розеви очила, истакна претставникот на Кремљ.

„Целосно разбираме дека едно е да се даваат изјави за време на изборната кампања, но кога човек влегува во Овалната соба се се менува“, нагласил Песков.

Тој додал дека Русија не се меша во внатрешните работи на Соединетите Американски Држави и никогаш не го сторила тоа.

Песков претходно изјави дека Кремљ нема надеж дека проблемите во односите со САД ќе се решат за време на новата американска администрација.

Претседателските избори во САД се одржаа на 5 ноември, на кои победи Доналд Трамп. Прелиминарно и двата дома на американскиот Конгрес ќе бидат под контрола на републиканците.

За време на неговата предизборна кампања, Трамп изјави дека има намера да стави крај на војната во Украина, но не ги наведе деталите од неговиот мировен план.

Слични содржини