„Забележуваме значително зголемување на побарувачката за руски енергенси поради војната во Иран. Русија беше и останува сигурен снабдувач и на нафта и на гас – и цевководен и на течен природен гас. Исто така, сè уште е во состојба да гарантира континуитет на сите договорени испораки“, изјави Песков, според CNN.
Неговите коментари дојдоа откако САД во четвртокот ѝ доделија на Индија „30-дневен исклучок“ од купување на руска нафта, која моментално се наоѓа на танкери на море, бидејќи конфликтот на Блискиот Исток продолжува да ги нарушува енергетските пазари.
Пред конфликтот во Иран, САД ја критикуваа Индија за продолжување на купувањето руска нафта што помага во финансирањето на воените напори на Кремљ во Украина и воведоа високи царини на државата.
Најавувајќи го привремениот исклучок, американскиот министер за финансии Скот Бесант рече изјави „краткорочната мерка нема да донесе значителни финансиски придобивки“ за Русија.
Песков рече дека купувачите како Индија и Кина се водени од нивните „национални интереси“.
„Ние го правиме истото“, изјави тој. „Продолжуваме да соработуваме, вклучително и во областа на енергетиката трговијата со енергенси, и со Индија и со Кина.“