2,3K
Кремљ денеска соопшти дека секакви закани против Русија се неприфатливи, откако претседателот на Латвија рече дека НАТО треба да го затвори Балтичкото Море за руските бродови, доколку се утврди дека Москва е одговорна за оштетување на гасоводот меѓу Финска и Естонија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, исто така повтори дека Москва негира каква било вмешаност во штетата предизвикана на 8 октомври на гасоводот „Балтиконектор“ и телекомуникацискиот кабел што ги поврзува споменатите земји, пренесе Ројтерс.
Финските истражни органи рекоа дека штетата можеби била саботажа, но допрва треба да заклучат дали се работи за несреќен случај или намерен чин.