220
Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека во Украина секој западен објект за производство на оружје, што се користи против Русија, ќе биде цел на руската армија.
Песков рече дека Кремљ има негативен став за одлуката на британскиот производител на оружје „BAE Systems“ да отвори база во Украина.
„Се разбира, секој објект за производство на оружје, особено она што се користи против нас, станува објект од посебен интерес за нашата армија“, рече Песков во разговор со новинарите.
BAE Systems, најголемата британска одбранбена компанија, вчера соопшти дека основала база во Украина и потпишала договори со владата во Киев за зголемување на испораките на оружје и воена опрема.