Кремљ: Пред да одговори, Русија мора да биде информирана за новите санкции

од Stefanija Kuzmanovska
152 прегледи

Пред да формулираат одговор, неопходно е руските власти да го проучат деветтиот пакет санкции на ЕУ, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ајде прво да се запознаеме со списокот, да ги добиеме официјалните информации, па потоа ќе формулираме неколку одговори. Сè уште ништо не е објавено“, изјави Песков на новинарите како одговор на прашање за подготвеноста на Русија за новите санкции од ЕУ, пренесува ТАСС.

Претходно беше соопштено дека амбасадорите на 27 земји-членки на ЕУ го договориле деветтиот пакет санкции против Русија поради војната во Украина и дека тој денеска ќе биде одобрен во писмена постапка, што значи без натамошна расправа и дека ќе се применува на речиси 200 лица, наведе руската агенција.

Слични содржини