Кремљ: За првпат по 10 години Путин нема да ја одржи традиционалната прес-конференција

од Stefanija Kuzmanovska
190 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин за првпат по 10 години нема да ја одржи традиционалната прес-конференција на крајот на годината, соопшти Кремљ.

„Што се однесува до големата прес-конференција, да, таа нема да се одржи пред Нова година“, рече Песков, додавајќи дека Путин би можел „да најде начин“ да разговара со медиумите, пренесува ТАСС.

Имено, тој рече дека рускиот претседател ќе најде можност да разговара со новинарите, посочувајќи дека „тоа го прави редовно“.

Слични содржини