173
Заврши распитот на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши и тој со полициско комбе од полициската станица Карпош, ќе биде однесен пред судот во Кочани каде судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе му одреди притвор.
Крешник Бектеши е осомничен дека во неговиот мандат како министер за економија, ѝ била издадена лиценца на дискотеката „Пулс“ во Кочани, иако немала никакви услови за тоа.
Обвинителството за него и за други лица побара притвор, а засега осомничени се 14 лица.