Криел пет килограми марихуана во градината и автомобилот

од Nikola Popovski
412 прегледи

Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице на возраст од 29 години поради постоење на основано сомневање дека сторило кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот велешанец, на 11 март, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 4.957,86 грама и тоа во повеќе пакувања во градината пред куќата во која живее, во собата во која престојувал и во автомобилот. Дрогата е пронајдена и одземена од полициските службеници на СВР Велес при вршење претрес кај обвинетиот.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основен суд Велес достави предлог за определување притвор против осомничениот, што е прифатено и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.​

Слични содржини