Крипто пазарот со раст за скоро 50 отсто за 30 дена

од Берта Китинска
381 прегледи

По неколку турбулентни месеци, пазарот на криптовалути порасна за 47% во последните 30 дена, додавајќи 0,73 трилиони долари на својата вкупна вредност.

Всушност, пазарната вредност на криптовалутите сега е нешто повеќе од 2,28 трилиони долари, што претставува зголемување од околу 2,27% за еден ден.

Квантитативно, обемот на крипто-пазарот се зголеми за 4,81% до 134,82 милијарди долари во претходните 24 часа. Како резултат на зголемениот интерес за децентрализирано финансирање (DeFi), вкупниот волумен на DeFi во моментов изнесува 14,96 милијарди долари, или 11,1% од вкупниот 24-часовен обем на крипто-пазарот.

Покрај тоа, прегледот на пазарот за криптовалути минатиот месец откри дека пазарот вредел 1,55 трилиони долари од 4 август, а на 4 септември вреди 2,28 трилиони долари, што претставува неверојатен прилив од 730 милијарди долари за само 30 дена – зголемување од 47%, според CoinMarketCap.

Како што многу експерти веруваат дека сме во втората фаза на „биков“ пазар, трговецот со крипто-средства и аналитичар Мајкл ван де Поуп рече: „Целокупната пазарна капитализација на крипто бара продолжување [на трендот] и нов историски врв“.

Етереум го движи пазарот

Според извршниот директор на Chainalysis, Мајкл Гронаџер, движечката сила зад подемот на пазарот е Етереум, кој неодамна ја ажурираше својата мрежа. По тој повод, тој рече: „Го видовме трендот на DeFi, кој расте, и ова го насочува интересот за Етереум, бидејќи многу други крипто-валути го следат“.

Мајкл ван де Поуп се согласи со Гронаџер – тој верува дека Етереум е најдоминантната криптовалута на пазарот во моментов.

Поголемите модификации на Етереум (ЕТХ) ја стабилизираа и ја подобрија мрежата на различни начини, со што се олесни зголемената доверба во блокчејн во целина.

„Хард форкот“ (непроменлива трајна модификација на блокчејнот) на Етериум – „Лондон“ беше имплементиран на 5 август. Самото ажурирање ја менува пресметката на трансакциските такси.

Со цел да се намали количината на ЕТХ во оптек и евентуално да се зголеми неговата цена, секој надоместок за трансакција се „гори“ или се повлекува од оптек.

ЕТХ во моментов се тргува по 3.914 долари – зголемување од околу 21% во текот на минатата недела.

Солана достигна рекордно ниво

Многу пари се слеаа во Солана (СОЛ) во изминатите 30 дена, а од почетокот на годината, интересот за терминот „Солана“ се зголеми за 354,54%, според Google Trends. Зголемувањето на побарувачката се совпадна со цената на токените, која достигна рекордно ниво од 149 долари на 4 септември. Популарноста и обемот на токенот се на рекордно високо ниво.

Голем број причини водат до сегашната вредност на СОЛ, при што преминот кон незаменливи токени (NFT) се појави како најзначаен. По објавувањето на колекцијата Degenerate Apes NFT, интересот за средството се зголеми.

Значителен број добро претставени проекти, исто така, се насочени кон мрежата, која во моментов се натпреварува со Етереум. Во прилог на поддршка на NFT потфатот, екосистемот го поддржува и проширувањето на децентрализираната финансиска индустрија.

Инвеститорите можеби бараат алтернативи за Етереум, и покрај нејзината позиција како втора најголема криптовалута. Извонреден пример е дека ЕТХ сега се подложува на подобрувања. До неодамна, мрежата често беше „пренатрупана“ и нудеше високи трансакциски трошоци; како резултат на тоа, инвеститорите и програмерите почнаа да бараат алтернативи.

Солана во моментов се тргува по 147,15 долари, што претставува раст од 2,18% за последните 24 часа и 67,93% за минатата недела.

Биткоин проби 50.000 долари

Конечно, водечкото дигитално средство уште еднаш достигна 50.000 американски долари. Во времето на објавување, биткоинот се тргуваше по 50.174 долари.

За многу експерти за криптовалути, 51.000 долари сега се ниво што треба да се надмине за да се продолжи „биковиот“ импулс. Крипто-трговецот Џош Рагер верува дека има мал отпор до 55.000 долари.

Биткоинот го заврши својот раст порано оваа година, го промени трендот во мај. Ова веројатно се должи на зголемената репресија од страна на Кина.

Сепак, интересот се зголеми откако извршниот директор на Тесла, Елон Маск, на конференцијата „B-Word“ објави дека Тесла најверојатно повторно ќе прифати плаќања на Биткоин (БТК) во иднина. Пред неколку месеци, Тесла престана да зема БТК поради еколошки проблеми.

По конференцијата „B-Word“, БТК е во пораст, при што многу експерти за тргување предвидуваат дека може да надмине 100.000 американски долари пред да се затвори „биковиот“ пазар, бидејќи повеќе институции и држави ќе го прифатат дигиталното средство.

Слични содржини