Криптовалута наречена по новиот вид коронавирус бележи брз раст

од Vladimir Zorba
354 прегледи

Во последните денови, несигурноста преовладува меѓу инвеститорите во акции и криптовалути ширум светот. Тоа беше предизвикано, меѓу другото, од појавата на новиот вид коронавирус, за кој сè уште не се знае доволно, па неизвесноста се претвори во распродажба – биткоинот и другите водечки криптовалути влегова во „црвено“ во неделата на „црниот петок“.

Но, во сето ова имаше прилично бизарен случај. Набргу по појавата и потврдувањето на новиот вид, Светската здравствена организација го нарече „омикрон“. Ова име е земено од грчката азбука, како и за другите досега познати видови, и нема да има ништо чудно доколку на пазарот нема истоимена криптовалута.

Во деновите кога вредноста на биткоинот, етереумот и другите паѓа, минорната криптовалута „омикрон“ доживеа пораст на вредноста – од над 500%. Станува збор за дигитален алткоин лансиран пред само неколку недели, со кој сега се тргува по цена од околу 400 долари по монета. Поддржан е само од една децентрализирана менувачница во светот (SushiSwap).

Интересот за оваа криптовалута генерира обрт од нешто повеќе од 300.000 долари за кратко време, но бидејќи ова е навистина маргинален проект, малку е веројатно дека многумина се збогатиле со него. Водечките светски криптовалути немаат ни доволно податоци за оваа криптовалута за да ја пресметаат нејзината пазарна капитализација.

Слични содржини