Крис Браун повторно тепа жени

од Nikola Popovski

Пејачот Крис Браун е обвинет повторно за насилство врз жени, а го пријавила анонимна девојка која тврди дека пејачот ја удрил силно во задниот дел од главата.

Имено, пејачот е под истрага поради обвинувањата дека удрил жена за време на расправија што се случила во неговиот дом, во Лос Анџелес, во петокот, на 18 јуни.

„Жртва објасни дека таа и осомниченот се расправале и дека тој ја удрил. Извештајот за телесни повреди е завршен“, изјавила портпаролката на полицијата во Лос Анџелес, Лизет Ломели, која исто така потврди дека пејачот во моментов е под истрага.

„ТМЗ“ првично го пријави инцидентот.

Во своја одбрана, единствено што Крис рече била кратка реченица на Инстаграм дека „Сè е лага“.

Да потсетиме, Крис Браун брутално ја претепа својата поранешна девојка, пејачката Ријана, во 2009 година, ноќта пред доделувањето на Греми наградите.

По ова неверојатно насилство, Крис Браун беше осуден на пет години затвор, една година советување за семејно насилство и шест месеци општокорисна работа.

Ријана зборуваше за нетрпеливоста во 2012 година кога беше гостинка кај Опра Винфри, а потоа изјави дека му простила и дека тој е љубовта на нејзиниот живот.

Foto: Getty Images

Слични содржини