367
Реалити ѕвездата Крис Џенер ќе биде првата во светот што ќе вози нов луксузен автомобил „Ролс-Ројс Гоуст“, потврдија од престижната британска фабрика за автомобили.
„Воодушевени сме што првиот „Ролс-Ројс Гоуст“ испорачан во Северна Америка му припадна на нашиот сакан клиент Крис Џенер“, велат од фабриката за автомобили.
Таа се пофали со оваа вест, а вредноста на луксузниот автомобил е 400.000 американски долари.
Се проценува дека Џенер е „тешка“ повеќе од 100 милиони долари, така што оваа цена нема да се почувствува значително. Џенер се прослави покрај семејното реално шоу „Keeping Up With The Kardashians“.
Семејството ја подели огромната заработка од реалното шоу на еднакви делови.