1,5K
Крис Џенер, мајката и менаџерка на сестрите Кардашијан, објави дека боледува од тумор.
Крис во новата сезона на семејното реално шоу ја открила тажната вест, по што следеле тага и солзи на нејзината ќерка Кајли.
„Пронајдоа циста и мал тумор“, рекла Џенер без да открие детали.
Многу гледачи се огласиле на социјалните мрежи, потсетувајќи дека Клои Кардашијан минатата година во исто време и откри на јавноста дека боледува од меланом.
Јавноста дозна за дијагнозата на Крис Џенер само еден месец по смртта на нејзината сестра Карен Хатон.
Се верува дека Крис е заслужна за популарноста на нејзините деца и дека нејзината ПР работа е се што им било потребно за да успеат. Најуспешна меѓу нив е секако Ким Кардашијан.